Политика за заштита на приватноста

Beiersdorf AG ("Beiersdorf") знае дека заштитата на личните податоци и доверливото постапување со истите е од голема важност за нашите корисници.  Поради тоа сакаме да ви предочиме кои информации ги собираме и како постапуваме со нив.

Прибирање и употреба на лични податоци

Личните податоци се информации кои ве идентификуваат, како на пример вашето име, e-mail или поштенска адреса.  Beiersdorf не прибира ваши лични податоци освен ако вие изричито не ги наведете (пр. кога се пријавувате за елекронски билтени, учествувате во анкети, конкурси, наградни игри, нарачувате мостри или брошури, или пак барате информација) и се согласите на нивна употреба.
Ние ги чуваме, употребуваме или пренесуваме вашите лични податоци само според вашата согласност и до таа мера - имајќи ја предвид содржината и времето - колку што е потребно за одреден случај, како на пр. за да ви одговориме на вашите прашања или интересирања, да ги исполниме вашите барања или да ве информираме за резултатите од конкурс или наградна игра.
Поради ова, Beiersdorf понекогаш треба да пренесе лични податоци за понатамошна обработка на други фирми во склоп на Beiersdorf групацијата или на надворешни соработници - даватели на услуги.  Соработниците може да бидат ангажирани во однос на доставување на роба, дистрибуција на рекламен материјал или за наградните игри.   Беиерсдорф бара од тие субјекти да постапуваат со личните податоци според нашите упатства и во согласност со оваа изјава за заштита на лични податоци. За какво било друго пренесување на личните податоци, на пример пренесување ваши податоци за регистрација од наш сајт на некој трет друштвен сајт или на некоја интернет служба, како што се Facebook или Тwitter, потребна е ваша претходна изричита согласност.  Биекакдј гарантира дека нема да ги продава или позајмува вашите лични податоци на трета страна.  Сепак, доколку законот или применливите државни прописи тоа го наложат, ќе мораме да ги дадеме вашите лини податоци..                                                        

Употреба на лични податоци за рекламни или промотивни цели

Доколку дадете изричита согласност за употреба на вашите податоци во рекламни или промотивни цели, тие ќе бидат зачувани и континуирано употребувани за такви цели, на пр. за испраќање на билтени, мостри од производи, повик за учество во наградни игри или конкурси, и тоа преку пошта или кое било друго комуникациско средство за кое претходно сте се согласиле. Вашите податоци може да бидат употребени при создавање и одржување на кориснички профил со цел да ви испраќаме рекламни и промотивни материјали интересни за вас. Вашите податоци исто така може да бидат употребени за анализа и подобрување на ефикасноста на нашите интернет услуги, рекламни кампањи, промоции, истражување на пазарот и продажна политика.

Повлекување на согласност

Вашата согласност за употреба на личните податоци може да ја повлечете целосно или делумно во секое време, по вашето барање. Откако ќе добиеме барање за бришење на податоците, истите ќе бидат избришани. Ве молиме испратете ја одјавата на некоја од долунаведените адреси:

*Ве молиме внесете информации за контакт*                                       
Преку e-mail:
contact@emailaddress.com
Преку пошта:
Beiersdorf  local address
*Ве молиме внесете информации за контакт*

Право на информации

На ваше барање, во најкраток можен рок ќе ве известиме дали и кои ваши лични податоци се собрани во текот на вашите посети на нашата интернет страна. Ве молиме, сите прашања да ги упатите на горенаведената адреса.

Автоматски зачувани податоци (податоци кои не се од личен карактер)
Кога ја посетувате нашата веб страна, ние автоматски собираме општи информации. Ова не се вашите лични податоци, туку IP - адресата на вашиот компјутер, името на локалната мрежа или мрежата на вашата фирма, веб страната што сте ја посетиле пред нашата, информациите кои сте ги побарале на нашата веб страна, датата и времето на вашата посета, оперативниот систем, како и пребарувачот (браузерот) кој сте го користеле. Овие информации се собираат и анализираат, при што вие останувате анонимни. Овие информации се користат исклучиво за да се подобри привлечноста, содржината и функционалноста на нашата веб страна. Овие информации не подлежат на дополнителна обработка и користење, ниту се пренесуваат на трети лица.

Cookies

Со цел да се олесни користењето на нашата веб страна, користиме т.н. "cookie" (куки). Cookie се мали текстовни податоци кои на хард дискот на вашиот компјутер зачувуваат информации кои ги користи вашиот интернет пребарувач (Browser) при посета на нашата веб страна. Cookie-то се користи за подобро разбирање како се користи нашата страница и за подобрување на навигацијата на страницата. Помага при одредувањето на пр. дали нашата страница е прегледана. Ни кажува и дали сте ја посетиле нашата веб страна во минатото или ја посетувате прв пат. Cookie-то не се користи за зачувување на личните податоци или други собрани идентификациски податоци. Доколку не сакате да ги примате Cookie, треба да го подесите вашиот интернет прабарувач (Browser) кој може да ги брише од хард дискот, да ги блокира или да ве предупреди пред да ги зачува.

Google Analytics

Овој сајт користи аналитички сервис на Google Analytics web кој го развил компанијата Google Inc (“Google). Google Analytics користи cookies, односно текст фајлови кои се наоѓаат на компјутерот и помагаат во анализата на користењето на сајтот од страна на корисникот. Информациите кои на тој начин се собираат (вклучувајќи и анонимни IP-адреси), Google ги праќа до серверот во Соединетите Американси Држави, каде ги ускладиштува. Google ќе ги користи овие информации за анализа на сајтот и неговата употреба, составување на извештаи до операторите за активностите на сајтот и за обезбедување на сите други услуги кои се во врска со активностите на сајтот и користењето на интернетот. Исто така, Google може да ги проследи овие информации до трето лице доколку законот тоа го наложува или доколку третото лице обработува информации во име на компанијата Google. Google нема да ја поврзе Вашата IP-адреса со било кои податоци кои Google ги ускладиштува. Можете да ја одбиете употребата на cookies така што ќе одберете соодветни прилагодувања на својот пребарувач, но во тој случај нема да можете во потполност да ги користите сите погодности на сајтот. Користејќи го овој сајт, дозволувате компанијата Google да обработува податоци за Вас на начин и во цел кои се претходно опишани.

Можете да спречите Google да открие cookies кој е поврзан со овој сајт (вклучувајќи ја и Вашата IP-адреса), како и да забраните обработка на Ваши податоци превземајќи ја и со инсталирање на странава: http://tools.google.com/dlpage/gaoptout?hl=en.